Се разгледува опцијата да се задржи летното сметање на времето поради заштеда на струја

Се разгледува опцијата да се задржи летното сметање на времето поради заштеда на струја

Се разгледува опцијата да се задржи летното сметање на времето поради заштеда на струја

Министерството за економија доби задолжение од Владата да ги разгледа можностите околу евентуално продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија, беше информирано вчера од страна на владината прес-служба, по 88. седница на владиниот кабинет.

Тоа би значело дека нема да има поместување на стрелките на часовникот на крајот од овој месец, во зимските месеци ќе се разденува еден час подоцна, но денот ќе трае подолго.

Во Република Северна Македонија зимското и летното сметање на времето со закон е регулирано во 1996 година. По правило, зимското сметање на времето започнува на 30 октомври.

Дебатата за укинување на зимското и летното сметање на времето ја отвори и Европската комисија пред четири години, а дури 83 отсто од жителите на Европската унија тогаш се изјаснија дека поддржуваат укинување на досегашниот начин на сметање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *