Се оддржа традиционалната Меѓугранична средба „Руен 2018“

 

Планинари од Македонија, Бугарија и Србија, беа дел од традиционаалниот собир „Балкан без граници“, кој по 25 пат се оддржа на врвот Руен (2252) на Осоговските планини. Според Миран Митревски, организатор на настанот и претседател на „Еко Здравец 2002“, Меѓуграничната средба „Руен 2018“ поминала во најдобар ред, а на истата учествувале над 1000 учесници од трите држави.

-Ние од Еколошкото друштво Здравец 2002, заедно со претставниците на ТД „Осогово“ од Ќустендил и ПД „Руен“ од Крива Паланка сме задоволни што оваа јубилејна 25 по ред Меѓугранична средба помина во најдобар ред, со многу дружење, што го оправдува основното мото за „Балкан без граници“, а сето тоа се покажа дека е така преку учеството на гости од Бугарија, Србија и од нашата држава.

Како што истакнаа од „Еко Здравец 2002“ во наредниот период еколошкото друштво ќе се фокусира на проекти со најголем акцент од областа на екологијата, како што истакна Митревски, претседател на друштвото за реализација на меѓугранични проекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *