Денес, во Домот на културата во Македонска Каменица беше прикажана детската театарска претстава „Пинокио“. Претставата беше во организација на КИЦ „Романса“ со поддршка на општина Македонска Каменица, а во реализација на НУЦК „Антон Панов“ од Струмица. „Пинокио“ беше наменет за дечињата од прво до петто одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј“.
Режијата и сценографијата на детската претстава „Пинокио“ е на Драгана Таневска, драматургијата е на Ацо Гогов, а за костимите се погрижи Ванчо Василев. Улогите во оваа извонредна претстава ги толкуваат Ванчо Василев, Анкица Бенинова, Коста Ангов, Ванчо Крстевски, Стојан Велков Трн, Игор Тодоров и Јулија Милкова.
Детската претстава „Пинокио“ предизвика огромно внимание кај дечињата кои цело време се соживуваа со ликовите и уште еднаш се докажа дека на Македонска Каменица и е потребен ваков вид на уметност.