Се зголемува јазот меѓу населението и елитата

Трендот на поскапување на нафтата продолжува што се должи на повеќе економски фактори како растот на вредноста на акциите на големите светски берзи, раст на пазарот на капитал, како и даночните реформи во САД кои на најбогатите корпорации ќе им донесат огромни олеснувања.

Цената на нафтата затоа на светските берзи минатата недела се зголеми за повеќе од три проценти, достигнувајќи највисоко ниво во последните три години, благодарение на намалената нерамнотежа помеѓу понудата и побарувачката. На берзата во Лондон цената на барел нафта порасна за 3,3 отсто на 69,87 долари, додека во Њујорк енергенсот поскапе за 4,7 отсто на 64,30 долари.

Ова се највисоки цени на нафтата од крајот на 2014 година што може да влијае да расте и инфлацијата со кревање на трошоците за енергенси. Постои и раст на понудата на нафта која претходно беше ограничена со падот на цените, па сега и нафтените компании се надеваат на враќање на посилните стапки на профитабилност.

Постојат повеќе ризик фактори за светската економија како што е нееднаквоста на доходот, односно се поголемиот јаз меѓу сиромашните и најбогатата елита. Затоа потрошувачката на енергија треба да го следи и растот на потрошувачката на населението, а не само на индустриските капацитети со цел растот на цени да одговара на здрав економски раст еднакво распределен или барем во разумни параметри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *