Се затвора Кожна клиника, 64 вработени и 103 лекари од симпозиумот одат во изолација

Се затвора Клиниката за кожни болести и сите 64 вработени одат во домашна изолација заради конатактот со директорката која е заразена од коронавирус,  информира министерот Венко Филипче.

Сите 14 пациенти кои биле хоспитализирани и 13 кои што се лекувале во дневната болница на клиниката исто така одат во домашна изолација. Ќе биде затворено и кожното одделение во штипската болница бидејќи сите лекари присуствувале на симпозиумот кој го држела заболената директорка од Кожна клиника. Во изолација ќе бидат ставени сите 103 лекари кои што присуствувале на симпозиумот,  дел од нив се од клиниката, дел од штипската и други болници. Во изолација и се двајца членови на нејзиното семејство.

„Клиниката се затвора на 14 дена, а сите 64 вработени одат во домашна изолација, како и 14 пациенти кои биле хоспитализирани и 13 кои што се лекувале во дневната болница. Викендот 103 доктори присуствувале на симпозиумот,  дел вработени на клиниката , дел од други болници и дадена е мерка за домашна изолација. Имало и 3 луѓе од Грција за што е известен грчкиот министер за здравство. Салата во ресторанот Рагуза е целосно исчитсена и дезинфицираната, а исто и тоа ќе биде направено и на клиниката од страна на Центарот за јавно здравје“, рече Филипче.

Филипче потенцира дека директорката Нина Цаца Билјановска ќе биде сменета и ги повика останатите институции да преземат мерки покренат кривична одговорност, бидејќи со ова е загрозено јавното здравје на граѓаните.

„Иако перципиравме ризици и ги преземавме сите неопходни мерки од самиот почеток, ова што се случи многу не разочара. Ќе се преземат мерки, докторката сега е во болница и во прва прилика ќе биде разрешена. Одговорност ќе има за сите кои не ги почитуваат мерките. Апелирам до сите кои патувале во ризичните региони да ги почитуваат мерките, загрозување на јавното здрваје е сериозен прекршок. Ја повикувам јавноста на разумност“, рече Филипче.

Во моментот на коронавирус се испитуваат уште 8 пациенти. Еден од нив престојувал во Бугарија заедно со неговата сопруга, вториот е патник кој се вратил од Сингапур, 4 кои биле во контакт со заболените сопружници и тие се од Дебар и еден пациент е од Гевгелија.

Филипче нагласи дека мал е ризикот од секундарен контакт за вработените од лабораториите или другите клиники каде што с е праќале материјали од Кожна клиника. Пациентите кои имаат здравствени проблеми од овој тип ќе се препраќаат во болницата „8 Септември“.

„Транспорт на материјали не е опасен, сите примарни контакти се анализирани со кои имала подолг контакт околу 15 -20 минути, за секундарна инфекција преку друг не се препорачува изолација“, рече Филипче.

Утре заседава Комисијата за заразни болести и ќе се одлучи кои и какви мерки понатаму ќе се преземаат. Нагласи дека никаде не се забранети патувањата освен во црвените зони. Препораките остануваат да важат за сите кои што патувале во ризичните региони и тие треба да останат дома 14 дена.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *