Се воведува задолжителна редарска служба во маркетите и објектите за трговија на мало

Маркетите и останатите места на кои се врши трговија на мало се должни да обезбедат редарска служба пред и во внатрешноста на  објектите, објави министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес конференција.

Според донесената Уредба, од денеска сите трговци се должни да постават и соодветни ознаки за одбележување на правецот на движење и запазување на минимално потребното растојание.

„Доколку не се почитуваат одредбите од Уредбата, ќе следуваат и глоби. За малите и микро трговци кои нема да воспостават ред и дисциплина пред објектите предвидена е глоба од 500 до 1.000 евра. За средните и големите трговци, предвидена е глоба од 1.000 до 2.000 евра“, рече Бектеши.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *