Селото Лазарат во Албанија – фабрика за марихуана!

Две холандски момчиња, патувајќи низ Албанија, успеале да влезат и во фамозното село Лазарат, каде биле шокирани од садниците канабис сатива кои достигнувале висина од три метри со кои било „запоседнато селото“.

Дан Вонк и Тео Ролофс патувале со мотор па слободно можеле да влезат таму каде што на полицијата не и е дозволено, пренесуваат албанските медиуми. Како што се гледа и од фотографиите кои ги направиле канабисот се одгледува и во куќните дворови. Во многу акции албанската полиција има запленето големи количини на марихуана во подрачјето на Ѓирокастро, за кои тврди дека се од споменатото село. Поширокото подрачје на Лазарат претставуваше „бастион“ во кој полицијата не можеше да стапне цели тринаесет години. По немирите во пролетта 1997 година, полицијата воопшто не пристапуваше во селото, а во последните години секој полициски хеликоптер што го надлетуваше селото беше проследен со пукотници од селаните.

Првпат во селото влезе во мај 2010 година, но на некој волшебен начин, не најде ниту насади, ниту готова марихуана. Ова, било и очекувано поради фактот што селаните не дале отпор при влегувањето на полицијата. Од тогаш влезот во селото за неа повторно е затворен. Жителите од ова подрачје, годишно од марихуана заработуваат во просек од 50 до 60 милиони евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *