Сега навивајте за Данска, за Македонија да биде прва и во новата група

Групата која се игра во Вараждин, а со која вкрстуваме ние, е многу интересна поради податокот што таму одиме со три бода, најмногу од сите селекции од нашата група, но лесно може да се случи во новоформираната Група да влеземе како лидери. Зошто?

Откако Чешка ја шокираше Унгарија и ја испрати дома, а воедно ја „испразни“ салата, која сега ќе биде само за Фалангата, во вечерашниов меч победа на Данска над Шпанија ќе значи дека сите три селекции од таа група ќе стартуваат со по два бода. Македонија со три поени би била лидер, а бидејќи имаме време да одмораме до недела (тогаш е првиот меч), слободно може со сите сили да удриме на првиот противник, кој и да е…

Ова значи историска шанса за Македонија, за која досега немаше притисок, но по овие три прекрасни партии во Загреб, веќе сериозно се наметнува за репрезентација на која треба да се смета за висок пласман.

Leave a Reply

Your email address will not be published.