Европската комисија ја повтори препораката за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Договорот од Преспа треба да биде испирација за сите земји, рече еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и истакна дека сега ЕУ треба да го испорача она што Македонија го направи со решавањето на спорот со името. Сепак клчучни се реформите во областите на владеењето на правото, стабилноста и економскиот развој на регионот.