Македонска Каменица,10 Април 2017
(www.kamenica.mk)
Фото: Драган Костовски
Распоред на Богослужбите по повод Страдалната седмица и Велигден во храмот “Св. Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица:
Велики Четврток
– 07:00 часот утрена со Света литургија
– 09:30 часот општ Маслосвет ( секој верник, може да присуствува и да понесе со себе масло и брашно)
– 17:00 часот Читање на 12-те Страдални Евангелија
Велики Петок
– 07:00 часот Читање на Царските часови и изнесување на Светата плаштеница (поставување на гробот на Спасителот Господ Исус Христос)
– 17 часот Извршување на опелото, оплакување и Свето погребение (читање на статиите).
Светиот храм ќе биде отворен во текот на целиот ден за поклонение на верниците.
Велика Сабота и Велигден
– 23:30 Почеток на литијата околу Светиот храм (трикратно обиколување), Утрена со Света литургија и објавување на Христовото Воскресение
Свештенството при Светиот храм “Св. Успение на Пресвета Богородица во Македонска Каменица ги замолува своите верници да се однесуваат пристојно и во духот на Православието. Сите што присуствуваат треба да се вклучат во литијата (обиколувањето на храмот) со свеќа во рацете и да влезат во Светиот храм, активно да земат учество во Богослужбата, односно Светата Литургија.
Оние што постеле и имаат благослов од Отците да се причестат тоа можат да го сторат ноќта, веднаш по завршувањето на Богослужбата или утрото во недела најдоцна до 09:00 часот
Велигден II ден
– 08:00 часот Света Литургија во Светиот храм “Св. Пророк Илија”
Велигден III ден
– 08:00 часот Света Литургија во “Св. Успение на Пресвета Богородица
Христос Помеѓу Нас!
Свештенство при Светиот храм – “Св. Успение на Пресвета Богородица”
во Македонска Каменица