Свештенството при Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ ги повикува верниците од Македонска Каменица и регионот на Света божествена литургија посветена на Светите апостоли Петар и Павле.
Возљубени, по повод големиот христијански празник посветен на Св. апостоли Петар и Павле, ќе се отслужи Света Божествена Литургија во Македонска Каменица со почеток од 08:00 часот . Повелете на заедничка молитва. за многу години! – се вели во соопштението со поканата до верниците за Светата литургија која ќе започне во 08:00 часот во новата градска црква „Успение на Пресвета Богородица“.