Свежо цвеќе пред спомениците на херојот Миле Јаневски – Џингар

Споменот кон чинителите вградени во создавањето и градењето на темелите на нашата татковина, никогаш нема да дозволиме да избледи!

 

Македонска Каменица, 28.04.2020 година – Денес се навршуваат 19 години откако во предвечерието на 28 април 2001 година, кај месноста Брeзовица, на патот с.Селце – с.Вејце на падините на Шар Планина во заседа беа убиени, а потоа масакрирани осум припадници на специјалните единици  „Волци“ и „Тигри“.

Во неможност за пригодна свеченост, поради мерките за спречување и ширење на заразата со коронавирус, денес пред споменикот на Миле Јаневски Џингар во Македонска Каменица со почеток од 11 часот беше положено свежо цвеќе. Покрај членовите на фамилијата Јаневски, пред спомениците на „Миле Јаневски Џингар се поклонија и положија свежо цвеќе и градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова, делегација на Министерството за одбрана, претставници на јавните установи и институции во градот, како и директорот на истоимениот средношколски центар, изразувајќи почит кон херојот што кој го даде животот за татковината и наше подобро утре.

Секоја година, пригоната свеченост за одбележување на овој ден започнуваше со положување на свежо цвеќе пред споменикот на Миле Јаневски Џингар во „Паркот на борците“, пред средношколскиот центар „Миле Јаневски Џингар“ и споменикот изграден во еден од парковите во центарот на градот. Во школскиот двор од гимназијата „Миле Јаневски Џингар“ беше организирана културно-уметничка програма со рецитирање на повеќе тематски поеми подготвени од учениците. Беа оганизирани ликовни изложби, како и изложба на модни креации подготвени од учениците од текстилната насока. Секоја година на овој ден започнуваше Меморијален фудбалски турнир „Миле Јаневски Џингар“ на кој учестуваа и припадниците на Баталјонот за специални намени „Волци“.

На 28 април 2001 кај месноста Брезовица на патот с.Селце – с.Вејце на падините на Шар Планина, загинаа Миле Јанески (30), Марјан Божиновски (27), Кире Костадиновски (24), Бошко Најдовски (25), Илчо Стојановски (24) Роберт Петковски(27) Бобан Трајковск и (28)Игор Костески (26).

Во прилог краток историјат за средношколскиот центар „Миле Јаневски Џингар“ и online презентација со ликовни и литературни творби на учениците, тука.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *