Сашко е во изолација и им порача на сите да го следат неговиот пример

 

Во екот на ширењето на короновирусот низ Европа, кое не ја одминува ни Македонија, постојано се споделуваат препораки, исповеди, насоки. Сега во целост ви го пренесуваме ставот на Сашко Аралампиевски од Македонска Каменица. Еве што напиша тој на неговиот фејсбук профил:

– Секојдневно ве следам на фејсбук и на сите други социјални мрежи и одлучив да напишам и јас неколку реченици во врска со коронавирусот или т.н Covid 19. Пред 6 дена јас се вратив од Северна Италија, од Ливињо, градче кое и припаѓа на најпогодената територија Ломбардија. Од она што го гледав во Италија, сфатив дека се работи за сериозна работа и дека мора да бидеме сите општествено одговорни. Веднаш по стигнувањето во Македонска Каменица се слушнав со мојот матичен доктор и од тогаш сум во самоизолација и досега немам никаков симптом на коронавирус. Затоа би сакал да апелирам до сите Вас кои си доаѓате од странство, посебно од високо и средно ризичните региони веднаш да се ставите во изолација.

Можеме сите заедно да го победиме овој предизвик. Да бидеме одговорни !!! 🙏

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *