Сахара пристигнува во Европа: Ветровите ќе носат песок и прашина

Сахара пристигнува во Европа: Ветровите ќе носат песок и прашина
Големи количини песок од Сахара преку Медитеранот со јужните ветрови пристгнуваат во западна и централна Европа во наредните неколку денови.

На мапата на порталот severe-weather.eu може да се види дека песок и прашина од Сахара ќе пристигнат на нашиот регион по 8ми јануари, а таа појава ќе се задржи и во наредните неколку дена.

Големи количини сахарска прашина првин ќе минат низ Италија, пред се низ Корзика, а потоа Швајцарија, делови на Франција, Белгија, Холандија и Луксембург, па се до Велика Британија.

Струите од Северна Африка секоја пролет носат сахарски песок на европското копно, само затоа што неговата концентрација некаде е поголема, некаде помала.

Африканскиот песок паѓа врз Европјаните барем два до три пати годишно, најчесто на пролет, но сепак земјите поблиски до Северна Африка минуваат најлошо.

Leave a Reply

Your email address will not be published.