САСА ЈА ПОБЕДИ БРЕГАЛНИЦА ВО ШТИП

САСА ЈА ПОБЕДИ БРЕГАЛНИЦА ВО ШТИП!


Попладнево на Градскиот стадион во Штип се сретнаа второлигашите Брегалница и Саса. Гостите од Македонска Каменица со 3-1 (3-1) извојуваа заслужена победа. Со играта што ја прикажа Саса на гостински терен, слободно можеме да кажеме дека ќе конкурира за едно од првите места на табелата.
Саса поведе во 17 минута, со голот на Дени Стојанов. Израмни Стефан Мишев во 24 минута, со евро гол. Ова не ги запре поранешните членови на Брегалница Кристијан Јордановски и Бојан Иванов кои успеаа да ја „нокаутираат“ штипската екипа. Најпрвин, Дени Стоанов беше срушен во казнениот простор на Брегалница и судијата Дарко Стојанов оправдано покажа на белата точка. Бојан Иванов беше сигурен реализатор на најстрогата казна во 37 микнута. Во 42 минута, по една нафрлена топка пред голот на штипјани, најдобро се снајде Кристијан Јордановски кој ја запечати судбината на Брегалница.


Во второто полувреме, немаше многу шанси за гол. Се играше повеќе на средината на теренот. Во второто полувреме немаше голови. Победата на Саса дојде како резултат на подобрата игра. Гостинските фудбалери подготовките ги почнаа многу порано, уште во месец јуни, а Брегалница на 4 јули. Инаку, во екипата на Брегалница денеска поради повреди не играа стандарните првотимци Иван Митров (поранешен фидбалер на Саса) и Оливер Христов, што се почувствува во играта на штипјани. Пред околу 500 љубители на фудбалот по многу спарно време, судиската тројка од Штип, на чело со Дарко Стојанов како главен и асистентите Кристијан Џонов и Ристе Георгиев коректно ги извршија задачите.


Ова е прва победа на Саса во подготвителниот период по минималниот пораз од Пирин- Благоевград и досегашните два нерешени натпревари со Кит-Го од Пехчево и Детонит од Радовиш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *