Саса ремизираше со Тиквеш. Преглед на 22. Коло на Втората македонска фудбалска лига

Во најинтересната пресметка од 22. коло во Втората лига – Исток, Кит Го во Пехчево славеше во дерби пресметка со 2-1 против Кожуф.

Уште во 8. минута од средбата Зоран Андонов со убав погодок донесе водство за домашните, а на 2-0 зголеми Иван Колев во 79. минута. Гостите успеаја единствено во 87. минута преку Димитар Иванов да постигнат почесен погодок.

Каменица Саса го шокираше Тиквеш, успевајќи да извлече реми (1-1) против фаворитот. Саса поведе со голот на Зоран Златкоски во 7. минута, а Дарко Илиевски во 91. минута го спаси Тиквеш од пораз.

Ѓорѓи Ѓорѓиев со два гола во првото полувреме, и Марко Ѓорѓиевски и Симеон Христов ја донесоа победата од 0-4 за Борец Велес на гостувањето против Вардар Неготино.

РЕЗУЛТАТИ – 22. КОЛО
Кит Го – Кожуф 2-1
Каменица Саса – Тиквеш 1-1
Брегалница – Детонит јуниор 3-0
Вардар Неготино – Борец Велес 0-4
Партизан Обршани – Плачковица 0-2

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *