Саса поразена на гости од Кожуф. Целосен преглед на 21. Коло на Втората фудбалска лига – Исток

 

Емил Скендери со голот во 9. минута и Даниел Лазаровски во 87. минута, му донесоа победа на Кожуф од 2-1 против Каменица Саса. Екипата на Саса како гостин на овој натпревар постигна погодок во финишот од мечот.

Борец се врати на победи во Втората лига – Исток триумфирајќи со 3-0 против Партизан Обршани во 21. коло, благодарение на хет-трикот на младиот офанзивец Марко Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски за само девет минути, во период од 12. до 21. минута запиша три погодоци на мечот носејќи нови три бода за велешени.

Во дерби пресметката на тиквешијата, во извонредна атмосфера во Кавадарци, Тиквеш славеше убедлива победа од 4-0 против Вардар Неготино.

Петар Најдов во 39. минута донесе водство за Тиквеш, а во вториот дел следеа уште три погодоци. Иван Ивановски во 47. минута, Андреј Лазаров во 75. минута и Најдов со својот втор погодок на мечот во 85. минута заокружија на 4-0.

РЕЗУЛТАТИ – 21. КОЛО
Тиквеш – Вардар Неготино 3-0
Детонит јуниор – Плачковица 0-0
Кожуф – Каменица Саса 2-1
Борец – Партизан Обршани 3-0
УТРЕ (16 ч.)
Велес: БРЕГАЛНИЦА – КИТ ГО

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *