25.XI.2017 kamenica.mk
Денес со почеток од 13:00 часот, се игра последното коло од Втората фудбалска лига во есенскиот дел од првенството. ФК Каменица САСА на домашен терен го пречекува кочанско Осогово. Натпреварот е од особена важност и за двата клуба и ќе одлучи кој ќе презими како фенерџија на табелата. Со оваа победа каменичани остануваат во игра за опстанок во второлигашкото натпреварување и во претстојниот дел сезоната.
Втората фудбалска лига годинава се игра во трокружен систем. Во првиот натпревар од есенскиот дел одигран во Кочани, каменичани успееа да се вратат само со еден освоен бод по нерешениот резултат од 2:2. Да се надеваме дека денес фудбалерите и тренерскиот тим на ФК Каменица САСА ќе прикажат солиден фудбал, ќе одиграат на високо ниво и ќе ја оправаат довербата дадена од спонзорите, управата на клубот и љубителите на фубалот во Македонска Каменица.