25.XI.2017 kamenica.mk
Во денешното последно коло од есенскиот дел на Бтората фудбалска лига, во Македонска Каменица се одигра возбудлив натпревар помеѓу ФК Каменица САСА и ФК Осогово. Двете екипи се последни на табелата, но со оваа победа Каменица САСА фаќа приклучок кон останатите екипи од погорните места.
Пред рекорден број посетители на градскиот стадион во Македонска Каменица, домаќините го отвориа резултатот во 35 минута со голот на Зоран Златковски. Во текот на второто полувреме шансите се редеа на двете страни, се играше пред двата гола. За забелешка се одличниот обид за лоб удар на Зоран Златковски за домаќините и стопостотната шанса на гостите, кои успеаа да промашат празен гол од два метри.
Вториот гол на натпреварот го постигна Драган Паунов во 85 минута, кога по левата страна со едно добро проигрување од Стефан Атанасовски и одличен соло продор успеа скоро од мртов агол да го совлада гостинскиот голман, со прецизен удар во спротивниот горен агол.
Судиите добро го водеа овој натпревар кој е меѓуградско дерби и многу години наназад.
Саса – Осогово конечни 2:0
Публика: 1000 лица