САСА во одличен натпревар одигра нерешено со Беласица

25. Јануари 2018 каменица.мк

НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО СТРУМИЦА, ФК КАМЕНИЦА САСА РЕМИЗИРАШЕ ВО ПРВИОТ КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД ОВАА СЕЗОНА СО 1:1 ПРОТИВ ЕКИПАТА НА ФК БЕЛАСИЦА ВО СТРУМИЦА.

Во текот на овој интересен и до крај неизвесен натпревар, на теренот влегоа поголем број на играчи од двата состава и беа пробани повеќе комбинации напад – одбрана од страна стратезите на двете екипи. Минутажа добија скоро сите фудбалери од редовите на ФК Каменица – САСА, кои ја оправдаа укажаната доверба и одиграа на доста солидно ниво.

Уште на старот на натпреварот беше досуден пенал за домашната екипа, но домаќините истиот не успеаа да го реализираат.

Во второтото полувреме, по одличниот продор од левата страна ФК Беласица го отвори резлултатот, а неколку минути подоцна, фудбалерите на ФК Каменица Саса при една мешаница пред голот на домаќините, најумешен беше Силвио Ангеловски и во стил на вистински голгетер успеа да ја надмудри одбраната и постигна израмнувачки гол.

Следниот контролен натпревар Каменица- Саса го игра на 03. Февруари 2018 во Виница против екипата на ФК Академија Пандев .

Leave a Reply

Your email address will not be published.