Сарафско маало во село Саса доби објект за потребите на месната заедница

Сарафско маало во село Саса доби објект за потребите на месната заедница

Македонска Каменица, 12. Јули 2019 година – Денес во Сарафско маало официјалното беше предаден во употреба првиот од шесте објекти, кои општина Македонска Каменица ги изгради за потребите на месните заедници.
На настанот организиран по повод големиот христијански празник – Петровден,  покрај големиот број посетители од локалното население, присуствуваше и градоначалничката на општина Македонска Каменица, директори на институции и претставници од локалната самоуправа.

Во своето обраќање пред присутните сограѓани, градоначалничката Стаменкова најпрвин им ја честитав славата по повод денешниот христијанскиот празник Петровден. Изрази задоволство што жителите на на оваа селска средина конечно добиваат објект кој е изграден токму според нивните потреби и барања. Со желби за многу здравје и бериќет на сите граѓани на општина Македонска Каменица, им посака уште многу години да го користат објектот, кој е една од елементарните потреби на жителите од овој дел на Општината.

Со ова општина Македонска Каменица, како што истакна Стаменкова покажува дека продолжува со работа во насока на подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани. Оваа година, за потребите на месните заедници се изградени повеќе објекти и тоа во селата Тодоровци, Косевица, Дулица, Стара Каменица и во село Саса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *