Сакајте, дарувајте, помагајте…каменица.мк ви посакува честит и вековит празник Св.Никола Чудотворец

19.XII.2017 kamenica.mk

Свети Никола или Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, е еден од најголемите христијански празници, кој се празнува секоја година на 19-ти декември, според новиот календар. Од неговиот живот и дело учиме да бидеме дарежливи, да помагаме, да почитуваме и сакаме.

Љубовта кон Бог, исцелителната моќ која ја поседувал, како и чудата кои ги правел во името на Бога, го издигнуваат неговото дело како најпочитуван светец од Православната христијанска црква, но е почитуван и од Католичката црква, како и од муслиманите.

Свети Никола е најчестата слава во Република Македонија, илјадници домови синоќа и денеска со вкусна посна трпеза, дочекуваат многу гости, ќе се помолат, ќе побараат негова наклонетост и заштита, за нив и најблиските.

Порталот Каменица.мк, на сите православни Христијани, пред се на оние кои го имаат Св. Никола како свој куќен заштитник им посакува прекрасно поминат празничен ден, многу љубов, добро расположение, бериќет и благодет. На сите оние пак кои го носат името Никола, Коле, Николина…., им посакуваме честито и вековито име.

Нека Светецот Никола биде со сите нас, да се наслониме и помолиме за неговата љубов, да побараме благослов, вечно да го славиме неговото име, неговото дело и да научиме да се сакаме, почитуваме и помагаме.

НЕКА Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ ПРАЗНИКОТ И НЕКА Е НАПОМОШ СВЕТИ НИКОЛА!

Leave a Reply

Your email address will not be published.