Ваш рецепт за вкусно јадење – кое ќе ви стане омилено!
СОСТОЈКИ:
- 400 гр пилешки гради
- 1 мала тиквица
- 200 мл кисела павлака Пекабела
- 2 лажици сусам
- 1 помала главица кромид
- сол
- зачин по желба
Начин на подготовка:
- Исечкајте го месото на коцки, па посипете со зачини и сол.
- Во тава ставете малку масло, пропржете кромид, а потоа додајте го месото.
- Намалете го огнот и оставете го месото да се пржи десетина минути, па додајте тиквица која пред тоа сте ја исечкале на коцки.
- Оставете да крчка уште десетина минути, сокот кој го испуштаат тиквиците треба да го омекне тестото.
- Во сад ставете павлака и сусам, измешајте, па додајте во тавата. Кога сите состојки ќе бидат во тавата, јадењето треба да крчка седум-осум минути.
Добар апетит!