Рудник „Саса“ ќе поддржи проекти од локално значење

Денес, во Салата за состаноци во општина Македонска Каменица, претставници од Рудник „Саса“ остварија средба со претставници на локалната власт, на општински установи и институции, на спортски клубови и здруженија на граѓани и невладини организации.

На средбата се разговараше за можноста за поддршка на проекти кои се од локално значење и кои ќе влијаат на подобрување на квалитетот на живот во Македонска Каменица.

Како што изјави генералниот директор на Рудникот, г-дин Неил Роберт Стевенсон, се работи за финансирање на дополнителни проекти, програми и активности, кои не се дел од сето она што оваа компанија традиционално го поддржува. Овие средства ќе се доделатзаради бенефит на сите различни категории на граѓани во Општината.

На средбата сите претсавници имаа можност да ги презентираат активностите на кои ќе бидат посветени во текот на 2018 година, по што сами ќе одлучат што во Македонска Каменица ќе се реализира со поддршка на Рудник „Саса“.

Ваквиот нов начин на комуникација со локалните фактори, уште еднаш ја покажува големата општествена одговорност на Рудникот и неговото раководство и нивната определба да инвестираат во сите сегменти на општествениот живот во рударска Каменица.

sasa rudnik

ФОТО:

.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *