Рудник Саса одбележува десет години од рестартирањето

Концерти на Каролина и Љубојна Брас Фантази на Градскиот плоштад во Македонска Каменица по повод десет години од рестартирањето на Рудник Саса.

Македонска Каменица се подготвува за одбележување на десетгодишнината од рестартирањето на најголемиот стопански капацитет во оваа општина, Рудник Саса. Во изминатата деценија рудникот е главен иницијатор на новиот инфраструктурен бум што се случува во малата рударска општина. Со приходите од концесијата се градат улици и локални патишта, детски игралишта, капитални објекти. Во последниве неколку години, Македонска Каменица доби нов градски плоштад, нов противпожарен дом и современ градски пазар, а во моментов се градат нов дом на култура, „Куќа на спортот“, дневен центар за лица со посебни потреби. Рудник Саса покренува и низа самостојни иницијативи, како што е изградбата на „Парк на рударите“, модерно детско игралиште, реконструкција на училишни згради во руралните средини, финансиски ги поддржува локалните спортски клубови, а активно се вклучува и во неколку социјални програми на општина Македонска Каменица.

13393026_10206494953396546_1620738656_n

Десетгодишнината од рестартирањето ќе биде одбележана на 10-ти јуни, на Градскиот плоштад во Македонска Каменица, со ексклузивни концертни настапи на македонските музички атракции, Каролина и Љубојна Брас Фантази. Пред македонските музички ѕвезди ќе настапи локалниот Риплеј бенд, а водител на настанот е една од најубавите македонки, популарната Марјана Станојковска.

Беспрекорната соработка помеѓу општина Македонска Каменица и Рудник Саса на културен план ќе продолжи и во иднина, а веќе се подготвува програмата за најголемата општинска културна манифестација Каменичко Културно Лето. И годинава, публиката не само од Македонија, туку и од соседните држави ќе има можност да ги проследи концертите на најголемите македонски и балкански музички кои ќе настапат во Македонска Каменица. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *