Рудник САСА обезбеди спортска опрема за ЖФК Каменица Саса

Каменичкиот рудник САСА продолжува со сериозни инвестиции во локалната заедница, како и со поддршка на сите спортски клубови. Одличните настапи на ЖФК Каменица Саса во досегашниот дел од натпреварувачката сезона во Првата македонска женска фудбалска лига беше награден со нова спортска опрема за клубот. Девојките кои атакуваат на првата шампионска титула добија нови тренерки, маички, ранци и нови дресови за натпревари.

Од клубот изразија огромна благодарност за целокупната досегашна поддршка, додека пак од раководството на Рудникот истакнуваат дека инвестициите во локалната заедница ќе продолжат и дека веќе се планираат средства за поддршка и за наредната 2020 година.

„Подобрувањето на квалитетот на живот во Македонска Каменица, во сите сегменти, е наш приоритет и ние ќе продолжиме да ги поддржуваме сите квалитетни проекти и идеи“ – изјавија од раководниот тим на Рудник Саса.

Следете не на Instagram и Facebook, или бидете наш subscriber на Youtube.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.