Рудник „Саса“ како докажана општествено одговорна компанија со силна поддршка и за културата

Во изминатите години, Рудник „Саса“ се докажа како општествено одговорна компанија и поддржа редица проекти од областа на образованието, социјалата, спортот, здравството, културата. Со силна финансиска поддршка од Рудникот изградени, опремени или реконструирани се неколку објекти на подрачјето на општина Македонска Каменица, а компанијата е значаен партнер и на локалната самоуправа.

Во периодот кој што следи, ќе се оддржат и најзначајните културни манифестации во Македонска Каменица  и вообичаено Рудник „Саса“ е генерален покровител. Веќе во најава е оддржувањето на манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2017“ кое годинава ќе биде од 25-ти до 28-ми август, а на истото ќе настапат докажани имиња од македонската и балканската музичка сцена.

Рудник „Саса“ ќе го поддржи и оддржувањето на музичкиот фестивал „True Sound Of Kamenica 2017“, кој пак е во организација на Асгард 2015, а ќе се оддржи на 18-ти и 19-ти август.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *