Рудник Саса истражува како живее локалното население

05.XII.2017 kamenica.mk

Менаџментот на „Саса“ истражува како живет луѓето околу  рудникот. За новите сопственици на рудникот, не е неважно какви се социо – економските услови на нивните први соседи и дали и колку тие можат да помогнат во нивно подобрување.

Поради ова, ангажирана е специјална агенција, која треба да го спроведе истражувањето на терен:

  • Истражувањето е за изработка на една Студија за социо-економската положба на овие луѓе, кажа Славјанка Дојчиновска Андонова, консултант за животна средина.

Во исто време, рудникот ќе му овозможи на овдешното население механизам за жалби и поплаки:

  • Во тек е изработка на еден механизам за олеснување на постапката за доставување поплаки, но и за изнаоѓање брзи решенија за истите, појасни Дојчиновска Андонова.

Намерата на менаџментот е да се воспостави соработка со месното население, како дел од активностите за одговорност и транспарентност во работењето.

Leave a Reply

Your email address will not be published.