Рудник САСА доби Плакета од Министерството за економија за општествено одговорни практики

Вчера, во Скопје, министерот за економија Крешник Бектеши ги доделуваше статуетките и плакетите во рамки на дванаесетата традиционална годишна манифестација – Национална награда за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата во Македонија, во организација на Министерството за економија и Координативното тело за општествена одговорност (КТООП).

Оваа година на конкурсот за наградата се пријавија вкупно 30 проекти од 22 македонски претпријатија. На конкурсот за наградата аплицираа 7 мали и средни претпријатија со 7 проекти и 15 големи претпријатија со 23 проекти.

Добитници на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатијата 2019, во вид на статуетки во петте различни категории на наградата, се следните општествено одговорните проекти на: Македонски Телеком АД Скопје („Let’s Go Beyond“); Тинекс-МТ ДООЕЛ Скопје („Покров“); ЕВН Македонија АД Скопје („Електромобилност со ЕВН“); Пивара Скопје АД (Обуки за млади „Вештини за успех“); ГДи ДООЕЛ Скопје („ГДи заедница“); Парти Сервис Лео ДООЕЛ Скопје („Проект за донација наменет за грижа, поддршка и помош на бездомни лица“) и ЦБЦ Колектив ДОО Скопје („Komunicira.me“).

Проектите кои влегоа во потесен избор за доделување на статуетка, се наградуваат со Плакети, со кои беа наградени проектите на: Рудник Саса ДООЕЛ Македонска Каменица („Платформа за поддршка на заедницата“), Фармахем ДООЕЛ Скопје („Биди здрав, биди вреден!“); Пивара Скопје АД („Обуки за вработените за етичко управување и усогласеност“); ГДи ДООЕЛ Скопје („ГДи академија“); ЕВН Македонија АД Скопје („Гласни раце во ЕВН“); Адора Инженеринг ДООЕЛ Скопје („Со традиционално неимарство до здрав и современ дом“); Охридска банка АД Скопје („ОБСГ Клуб на таленти“);  и Цементарница УСЈЕ АД Скопје („Соработка за поквалитетно образование и кариерни можности“).

Во конкуренција од 30 проекти од сите категории, Признанието за најинвентивна практика го доби проектот „Komunicira.me“ на малото претпријатие ЦБЦ Колектив ДОО Скопје.

На сите останати проекти, организаторите им доделија Благодарници за учество во Наградата, како признание за вложениот труд, време и средства.

Следете не на Instagram и Facebook или станете наш subscriber на Youtube.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *