РОМАНИЈА: Судот одбил жив човек да го прогласи за жив

Во Романија, каде е роден најславниот жив мртовец на светот, Дракула, одењето на суд како доказ дека човекот е жив е недоволно уверливо.

Константин Релиу, жител на истокот на земјата, се уверил во тоа минатата недела кога судот во Васлуи го одбил неговото барање за поништување на посмртен лист издаден 2016 година на негово име, се гледа од пресудата објавена во петокот на страницата на судот.

Константин Релиу (63) кој на почетокот на 1990-тите отишол на работа во Турција, во јануари се вратил во Романија. Романските власти го известиле дека семејството го прогласило за мртов бидејќи немало никаква вест за него.

Судот не ја образложил причината за одбивањето на барањето. Романските медиуми пишуваат дека причина за тоа е што е поднесено после пропишаниот рок.

Враќањето меѓу „мртвите“ било исклучително тешко за 63-годишникот бидејќи нема официјален доказ дека е жив, тој не постои за романските управни власти па не може легално да се вработи ниту да прима социјална помош.

Релиу, кој нема никој во семејството бидејќи сите отишле да работат во странство, преживува благодарение на помошта од соседите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.