Рок-метал хепенинг во Делчево

Во Петок на 15-ти Јули Општина Делчево го организира веќе четвртиот по ред традиционален рок-метал концерт во градот. На летната сцена во Градскиот парк со почеток во 21:00 часот делчевската публика ќе може да ги проследи настапите на:

Mud Factory – метал бенд (Србија),

Fusnota – готик метал (Скопје),

Verka – метал бенд (Делчево).

Спектаклот е дел од низата настани и манифестации што под покровителство на Градоначалникот Дарко Шехтански ги ветува Општина Делчево како дел од својата богата културно-уметничка пеограма подготвена за претстојниот летен период.

Повелете!

Leave a Reply

Your email address will not be published.