Референдум во Гевгелија против отворање на рудник за злато

Гевгелија ќе гласа на референдум против изградба на отворен рудник за злато.
Иницијатива за организирање референдум покрена здружението Спас за Гевгелија, а ја поддржа и Советот на општината.

– Гевгелија ќе мора да се иссели ако се отворат рудниците за злато – велат од Здружението Спас за Гевгелија.

Референдумот во Гевгелија треба да се одржи на 23 април.

Две компании имаат концесии за геолошки испитувања на почвата на огромни површини кај Коњска река и кај Конско.Истражувањата се веќе при крај и канадската компанија, сопственик на концесијата, веќе поднесе барање за добивање концесија за експлоатација на земјиштето преку постапка наречена лужење.

За овие три години, колку што граат истражувањата, се покажало дека земјиштето е богато со злато, и тоа многу повеќе од рудникот Иловица во струмичко.

Leave a Reply

Your email address will not be published.