Домашната РК “АСТРА-СПОРТ” – Македонска Каменица на денешниот мини-лига турнир во организација на РК Металург ги постигна следниве резултати по категории:
Во женска категорија АСТРА СПОРТ ја совлада екипата на РК Младинец-Кочани со високи 14:3
Против екипата на РК Тиквеш во категорија на 2003/4 РК Астра-Спорт (машки) одигра со конечни 18:22.
А екипата на РК Астра-Спорт (машки) беше поуспешна во вториот дуел против РК Тиквеш, но овојпат во категоријата 2004/5 и тоа со резултат 12:8
Целокупниот-детален извештај од турнирот кој помина во одлична организација на РК “Астра-Спорт” и РК Металург во спортската сала во Македонска Каменица е во изработка и ќе можете да го најдете и проследите овде на www.kamenica.mk веќе во текот на утрешниот ден.