Регистриран првиот позитивен случај на коронавирус во Пехчево

Регистриран првиот позитивен случај на коронавирус во Пехчево. Анонимен извор информираше дека станува збор за лице вработено во Итната медицинска помош во Пехчево. Лицето по соопштувањето на резултатите се наоѓа во домашна самоизолација, а случајот во официјалната статистика на Министерството за здравство најверојатно ќе биде регистрирано во текот на утрешниот ден. Пехчевскиот градоначалник Драган Тренчовски со смирувачки тонови до граѓаните. Вели да не се шири паника помеѓу граѓаните после веста која е објавена на неколку локални фејсбук страници.

-Почитувани сограѓани, денес, кога на територијата на Пехчевскиот регион е дијагностициран првиот инфициран пациент со корoна вирусот, чувствувам потреба како Градоначалник на општина Пехчево, но пред се како ваш сограѓанин, да Ве повикам на смирено и разумно однесување. Во овие вонредни околности и во услови на светска пандемија мораме да ја прифатиме реалноста дека вирусот побрзо или побавно ќе дојде и на територијата на општина Пехчево. Но, оваа реалност, наместо паника и ширење дезинформации, од сите нас бара да покажеме висок степен на сериозно и одговорно однесување, целосно почитување на мерките и препораките на институциите и грижа за сопственото здравје и здравјето на вашите најблиски, истакна Тренчовски на фејсбук.

Апелира да се почитува личноста и угледот на секој поединец независно дали е инфициран, тестиран, во самоизолација или во хотелски карантин.

-Идентитетот на инфицираното лице воопшто не е важен. Отфрлањето од заедницата на лицата кои се тестирале е неетичко. Наместо тоа, да покажеме солидарност и искрени желби за брзо опоравување на сите инфицирани со корона вирусот, стои во објавата на фејсбук на градоначалникот Тренчовски.

До денес Пехчево заедно со општините Берово, Македонска Каменица и Делчево се вбројуваше во општините без позитивен случај на КОВИД-19.

Извор: Делчево365

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *