Регион: Во сообраќајка тешко повреден 84-годишен дедо од кочанско

Во Кочани на улица ,,Димитар Влахов” вчера утрото околу 10.30 часот В.С.(43) од село Тркање управувајќи патничко моторно возило „фолксваген голф 3“ со кочански регистарски ознаки удрил во пешак Н.А. (84) од село Горни Подлог.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.А. кој по укажаната лекарска помош во Здравствен дом Кочани е препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *