Разбојник влегол во куќа на 47 годишна жителка на Кочани

Триесет и двегодишниот Е.М. од Кочани ќе одговара за кривично дело разбојништво. Тој е осомничен дека вчера во 15:20 часот влегол во домот на 47-годишна жена на улица „Блаже  Поп Арсов” во Кочани и со употреба на физичка сила и одзел мобилен телефон и платежна картичка.

Портпаролот на СВР – Штип, Гордана Панајотова вели дека полициски службеници, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот на Е.М., при што биле пронајдени и одземени украдените предмети.

Жителите на кочанската населба Трајаново Трло минатата недела протестираа и побараа поголема безбедност во нивната населба. Секој ден имале по две три кражби, а синоќа патролите што жителите на Трајаново Трло сами ги организираат спречиле уште една.
– Ние ги преземаме сите мерки за безбедноста на жителите од Трајаново Трло. Обезбедивме 24-часовни патроли на терен и ги расчистивме сите случаи, бидејќи ни е важно граѓаните да се чувствуваат безбедно, велат од СВР Штип.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *