Работен состанок со граѓаните на тема: Придобивките на општина Македонска Каменица од спроведувањето на проектот за регионално управување со отпад

Македонска Каменица, 31. 07. 2019 година – Повик до граѓаните од општина Македонска Каменица за присуство на работен состанок на тема „Придобивки од спроведувањето на проектот за регионално управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион во општина Македонска Каменица“.

Како што известуваат од општина Македонска Каменица на работниот состанок, кој во четврток на 01. Август 2019 г. ќе се одржи во Дом на култура во Македонска Каменица ќе присуствува Ана Петровска, државен секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање и претставници од Министерството за транспорт и врски.

Во рамки на работниот состанок преку презентацијата изложена од претставниците на министерствата, граѓаните ќе имаат можност да се информираат за трајните придобивки на општина Македонска Каменица од овој регионален проект и да се запознаат со сите аспекти и начини на функционирање на системот за складирање и управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *