Пукање пред казино во центарот на Кочани

Рано утрово околу 04 часот непознато лице отворило оган од пиштол во казино „Шери” во Кочани во правец на обезбедувањето поставено од ново отворената агенција за обезбедување “УНИТ”.

Засега непознато лице рано утринава според очевидци испукало неколку куршуми внатре во казино „Шери” во правец на обезбедувањето, за потоа пукотниците да продолжат и надвор од казиното кое се наоѓа во самиот центар на градот. За среќа нема повредени.

Според неофицијални информации станува збор за пресметки помеѓу подземјето во Кочани заради превласт во агенциите за обезбедување. Како и во минатото Кочани повторно станува центар на пресметките помеѓу завојуваните групи во трка за плен од рекетот кој секојдневно се собира од објектите кои „наводно” се обезбедуваат.

Сега на сцена е ново формираната агенција за обезбедување „УНИТ” во која главна улога имаат О.Ц. и Д.З. Според неофицијални информации утрово било пукано директно кон О.Ц. кој на јавноста е познат по нападот на вработени во градинка во Кочани.

Неодамнешната посета на министерот Оливер Спасовски на Кочани со цел смирување на страстите во подземјето, а посебно во агенцијата за обезбедување “УНИТ” покажа контра ефект и денеска сме сведоци на ескалација на ситуацијата. Кочани полека но сигурно повторно се враќа во мрачните години пред акцијата „Детонатор”.

Извор: Сакам Да Кажам

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *