Прочитајте зошто менаџерите секогаш ги губат најдобрите работници

Менаџерите во големите компании понекогаш ги губат најдобрите и најефикасни вработени кои донесуваат одлука да си дадат отказ и да си ја побараат среќата на друго место.

За таа одлука најчесто придонесува однесувањето на менаџерите. Зошто менаџерите секогаш ги губат најдобрите вработени кои заминуваат од нивната компанија?

Им го зголемуваат обемот на работа

Кога еден млад, амбициозен и талентиран поединец ќе влезе во една работна организација, сè делува блескаво: условите за работа, огромната канцеларија, високата плата, работното време… Но, со тек на време нештата се менуваат. Како по некое непишано правило, најдобрите работници во една компанија секогаш имаат повеќе обврски за разлика од нивните колеги, остануваат прекувремено на работа, наместо 40 некогаш работат и 60 часа во неделата и тоа е една од причините поради која бараат нова работа.

Не ја наградуваат работата

Сосема очекувано е дека во некоја компанија ќе се случи одредени вработени да работат и по завршувањето на работното време. Менаџерите, доколку не би сакале да ги изгубат највредните вработени треба да да ја наградуваат нивната работа, со додатоци на плата, бонуси или деловни подароци.

Не сочувствуваат со вработените

Работникот не е робот. Но, амбициозните менаџери понекогаш забораваат на ова и на фактот дека работникот има приватен живот и проблеми во истиот. Најдобрите менаџери никогаш не ги губат најдобрите работници бидејќи имаат одлична комуникација и знаат да им дадат издишка од работата на своите вработени кога тоа најмногу им треба.

Мислат дека секоја обврска е едноставна

Менаџерите често знаат да им натрупаат обврски на своите вработени. Од друга страна, забораваат дека тие постојано се жалат колку нивните обврски се напорни и одземаат време. Што би било поинаку со вработените? Важно е секој менаџер да знае која обврска на кому ќе ја додели и во никој случај не смее еден да ги извршува обврските на сите.

Ги промовираат и унапредуваат погрешните луѓе

Најдобрите работници често си заминуваат од една компанија бидејќи менаџментот унапредил некој друг колега кој не бил толку ефективен и ефикасен. Проценката за тоа кој вработен треба да се унапреди е клучен фактор за тоа дали ќе успеете да ги задржите најдобрите.

Ја убиваат страста и креативноста

Менаџерите во обидот да го извлечат максимумот од времето, знаењето и вештините на најдобрите работници, им ја убиваат страста за професијата која ја имале на почетоците на нивната кариера и креативноста која ја покажувале на првите состаноци.

Не ги развиваат вештините на вработените

Никој не е роден учен. И најдобриот може да стане уште подобар. Уште еден грешка која ја прават менаџерите и притоа ги губат своите вработени е тоа што не инвестираат во нивната надградба, едукација, не ги обучуваат за новите предизвици и не им дозволуваат да земат слободен ден доколку истиот им е потребен за образовен процес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *