Професор Никола Жежов: Македонците и Бугарите не треба заеднички да го чествуваат Гоце Делчев

Во однос на тоа дали треба заднички да се слави Гоце Делчев помеѓу македонскиот и бугарскиот народ, мојот одговор е дециден-не! Зошто велам не? Моите истражувања низ архивите, прочитаната обемна литература, необјавени и објавни извори, укажуваат на тоа дека револуционерната дејност на Гоце Делчев нема никакви допирни точки со бугарската историја, освен само понекогаш неговото физичко присуство во Софија и во некои помали градови во Бугарија.

Ова меѓу другото во интервју за „Република“ го изјави универзитетскиот професор по историја, д-р Никола Жежов, спроти 4 февруари, кога ќе се чествува 151-годишнината од неговото раѓање.

Според него, целиот живот на Делчев, целата негова револуционерна дејност е посветена на еден негов идеал, а тоа е ослободувањето на Македонија од отоманска власт и создавањето на автономна македонска држава како степен до доаѓање на назависност на Македонија.

-Гоце Делчев немал никакви допирни точки во поглед на бугарската историја. Јас немам ништо против ако тие сакаат и сметаат како бугарски народ дека треба да си го празнуваат, нека си го празнуваат во Република Бугарија и нека и објаснуваат на нивната јавност зошто Гоце Делчев е важен за бугарската историја. Меѓутоа, длабоко сум убеден дека заедничко чествување не треба да има. Тоа евентуално задничко чествување, за жал, бугарската политика сака да го искористи и да го прикаже Гоце Делчев како дел од т.н. „заедничка историја“, зашто таа „задничка историја“ тие ја третираат како бугарска историја. И поаѓајќи од тоа, сметам дека заедничко чествување не треба да има, потенцира проф. Жежов.

Тој, како што вели, е длабоко убеден и сака да верува дека до инциденти нема да дојде, иако од информации што доаѓаат од различни страни во ова море, во овој окан од информации, укажуваат дека е можно такво нешто да се случи.

-Поаѓајќи од тоа, јас ги повикувам сите Македонци, кои што тој ден ќе тргнат да го чествуваат роденденот на Гоце Делчев, тоа да го направат со дигнитет и со една гордост и да не подлегнуваат на било какви провокации, дециден е проф.Жежов.

Проф. Жежов ни даде и објаснување на неговиот став изнесен во поледниот негов телевизиски настап дека оваа генерација Македонци ја изгуби битката, но не и војната.

-Тоа го кажав како еден вид на симболика, меѓутоа таквите мои ставови се должат на фактот дека навистина сега Република Македонија се наоѓа во една дефанзивна состојба. Претрпевме повеќе неуспеси со склучените договори со Република Бугарија и Република Грција и оттаму беше тоа мое изразување дека битката е изгубена, но условно кажано дека „војната“ ќе продолжи. Македонското прашање секогаш било еден вид Гордиев јазол на Балканот. Неговото решение, колку и да се обидува некој да биде во негова полза, ако не се постави на принципиелни позиции, тогаш ќе имаме се уште голем број на енигмни, кои ќе продолжат и во иднина да го тангираат и да го одредуваат степенот и развојот на Република Македонија и македонското прашање. Оттаму, таа битка, битката на нашата генерација, ќе се префрли на идните наши генерации, на нашите деца и внуци, кои сигурно ќе знаат како ќе треба да постапат во настаните кои што доаѓаат, вели тој.

Во врска со инцидентот во Охрид со секретарот на клубот „Цар Борис III“, Христијан Пендиков, кој се чувствувал како Бугарин, и што, всушност, била неговата цел, дали Македонците уште еднаш да се прикажат како тирани и насилници или како можност да се испровоцираат бугарските граѓани за масовно доаѓање во Скопје, што потоа ќе се искористи за прикажување како на прво задничко чествување на Гоце Делчев, проф. Жежов вели:

-Како македонска јавност ние добро знаеме дека Република Бугарија повторно се наоѓа во предизборен период. Главната причина за овој инцидент се, всушност, изборите во Бугарија, која, за нивна жал, никако да формира влада. Затоа им беа потребни вакви немили настани, инциденти, за кои јас искрено жалам и сум против тоа да има насилство во било каква форма од било која причина. Меѓутоа, овој инцидент во Охрид ќе биде искористен, бугарските политички партии во предизборието да се натпрeваруваат кој повеќе ќе зборува за Македонија. Во суштина и низ историјата наназад, македонското прашање отсекогаш било главна тема на бугарските политички партии. И од тие причини мислам дека е предизвикан овој инцидент. Затоа, уште еднаш да апелирам до најголемиот дел од македонската јавноста, кој ќе ја гледа оваа емисија, да не подлегнува на овие провокации. Секако, овие провокации имаат однапред добро осмислена позадина. Ако ние како Македонци влеземе во тоа насилничко сценарио, најголем губитник ќе биде Македонија и македонскиот народ. Затоа треба да бидеме прилично смирени и рационални. Секако дека треба да си ги браниме нашите национални и државни интереси, но тоа да го правиме на еден поинаков начин, а не вака, со насилство што го осудувам, без разлика кои се мотивите и причините за истото.

За тоа дали и можно некакво решение за Гоце Делчев на претстојната февруарска средба на задничката мешовита македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците и во кој правец би се движело тоа, проф. Жежов повторно дециден:

-Не, решение нема да има и јас повеќепати сум истакнал дека историската комисија и нејзината работа  веќе е ирелевантна и непотребна. Всушност, генезата и изворот на сите овие проблеми, што денеска ги имаме, е тој фамозен Договор потпишан на 1 август 2017 година. Таа несреќена придавка за нас Македонците за „задничка историја“ е генератор на сите проблеми, што ги имаме сега. Македонските и бугарските историчари не можат да најдат никаква заедничка точка за задничко чествување на Гоце Делчев.

Дали историјата ни се повторува како фарса или како трагедија? Прашањето беше во контекст на отчетот на овој владин состав и перспективите за годинава во чиј центар на внимание се најдоа уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот, што е направено на еден многу несреќен начин. Зашто, во стилот на познатите титовистички постулати и комунистички доктрини, од поделбите на националното ткиво по војната со прашањето дали да се оди на Солун или на Срем или дали си за Тито или за Сталин, сега премиерот Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер Артан Груби ни порачаа дека тие што се против уставните измени се и против членството во ЕУ.

-Како одговор на ова прашање веднаш ќе ја потенцирам најавената декларација на бугарското собрание, што веројатно ќе се изгласа овие днови. Таму, во точка 7 мислам дека стои, каде што вели, парафразирано, никој не може да се занимава со бугарската историја и минато во Република Македонија, затоа што од страна на бугарската држава ќе биде третирано како антибугарска кампања и антидржавна реторика. Погледнете го тој член 7 и ќе видите до каде со оваа втора декларација за кратко време оди Бугарија. Ќе ни биде забрането да зборуваме на македонски историски теми оти тие ќе бидат третирани како дел од бугарското историско минато.Зошто го потенцирам ова! Да е некоја природна ситуација како во некоја западноевропска држава, прашањето за вметнување на некоја помала етничка задница во уставот ќе биде бенигно прашање. Меѓутоа, каде се наоѓа замката овде! Мислам дека таа замка му е јасна и на послдниот неверен Тома во Македонија, затоа што евентуалното внесување на Бугарите во македонскиот Устав ќе отвори институционализирана форма за натамошно делување на бугарската пропаганда во Македонија и за „освестување“ на нови Бугари, затоа што знаеме дека тоа е инструмент на бугарската пропаганда за делување во Македонија.

Целото интервју ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *