Утрово во 8 и 50 часот е пронајдено телото на младото момче од Берово кое вчера се удави во водите на Беровско езеро соопштија од СВР Штип.Екипа на нуркачката единица на МВР го извадила телото, а увид на местото извршила екипа од СВР Берово.
Телото на младото момче ќе биде префрлено на судска медицина во Скопје, каде по наредба на Јавен обвинител ќе биде предадено на обдукција соопштија од СВР Штип.
Инаку вчера во несреќниот случај на Беровско езеро, животот го изгуби младо 14 годишно момче, кое заедно со своите другари биле на прошетка и прослава на роденден на неговиот брат.