Промоција на книгата за деца “Животинско царство” – трето дело на нашиот роднокраен автор Златко Стоименов

Македонска Каменица – На 21. Декември 2023 година во организација на КИЦ ,,РОМАНСА” Македонска Каменица ќе се одржи промоција на третата книга поезија на роднокрајниот автор Златко Стоименов ,,Животинско царство”. Промоцијата и публикувањето на “Животинско царство” од Стоименов е реализирано од КИЦ “Романса” Македонска Каменица.

 

Со оваа книга поезија за деца, нашиот сограѓанин Златко Стоименов, веќе е етаблиран како вистински познавач на детските мечти и желби, станува другар на оние за кои е наменета оваа книга – децата на кој им открива едно ново царство, односно ,,Животинско царство” со ликови кои имаат свој свет кој широкоградо го делат со децата, доближувајќи им го тој бајковити свет каде нема граница меѓу реалноста и бајките.

Таму животните живеат живот како во фантазиите на децата, Стоименов вешто во секоја песна гради посебна приказна. А кога сето тоа би се споил во една целина, би се направиле ден моќен синопсис за една разиграна детска претстава.

Промотор на книгата е писателот Миле Ѓорѓијоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.