Променливо облачно со врнежи од дожд во попладневните часови

Променливо облачно, попладне со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со врнежи од дожд попладне во западните делови, а кон крајот на денот и во текот на ноќта на повеќе места. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Според УХМР, преодно стабилизирање на времето ќе има до среда кога во попладневните часови се очекуваат нови врнежи од дожд.

Leave a Reply

Your email address will not be published.