За првпат, две држави ќе формираат заеднички здравствен кластер и регистар на сите здравствени установи од пограничните региони. Овој вид на соработка ќе го промоовирата општините од Источниот регион и округот Благоевград:
Целта е развој на прекугранична соработка како фактор за постигнување на интегриран и квалитетен раст во обезбедување медицински услуги, трансфер на добри практики и подобрување на административната и економска интеграција, објасни Александар Николов, координатор на проектот.
Проектот опфаќа размена на искуства и заеднички буки на лекари од двете страни на границата:
Размената на искуства и создавањето на заеднички кластер ќе не направи вистински партнер, изјави Атанас Крнчев, проектен менаџер.
На овој начин, бенефит ќе имаат и лекарите и пациентите:
Лекарите ќе добијат можност за согледување на нови пракси и стекнување искуства, а пациентите ќе добијат подобри услуги, смета д-р Александар Стојановски, дир. на Клиничка болница – Штип.
Дополнително, ќе биде набавена и медицинаска опрема. Во штип тоа ќе биде за Ушното одделение, а во Бугарија за болницата „Св. Мина“:
Ние веќе набавивме опрема и конктерно ги почувствувавме бенефитите од проектот. Се надеваме што поскоро тоа да се реализира и во Штип, кажа д-р Георги Георгиев, дир. на болница „Св. Мина“ – Благоевград.
Проектот е резултат на соработката мешу Клиничката болница Штип, Региоанланата колегија на Бугарскиот лекарски сојуз и Центарот за развој на ИПР:
Наша цел е да ги мобилизира сите чинители во регионот, во насока на јакнење на сопствените капацитети, потенцира Драгица Здравева, рак. на Центар за развој на ИПР.
Дополнително центарот и болницата размислуваат и за идна соработка:
А тоа е завршување на комплетна реконструкција на зградата на Физикалната терапија во Штип, кажа Елизабета Папарова, дир. на Клиничка болница – Штип.
Инаку, средствата за формирањето на здравствениот кластер во висина од 117.000 евра се обезбедени од Европските фондови за прекугранична соработка.