Продолжува победничката серија на ФК Каменица САСА

Македонска Каменица, 04.11.2019 година – ФК Каменица Саса ја продолжува победничката серија. Во Крушево со победата од 0:2 над екипата на Питу Гули, ја остварија и третата победа по ред, четврта во последните шест натпревари. Се играше тврд натпревар, во кој домаќините на моменти покажаа и доста груба игра. ФК Каменица Саса искористи две шанси и заслужено славеше со 0:2. Стрелец на првиот гол беше Горан Здравков од пенал во 42 минута, по остриот старт врз Ненад Нешовски. По центаршутот на Нешовски, домашниот играч Мургоски ја погоди сопствената мрежа за конечни 0:2 во 44 минута. Тоа се случуваше во 44-та минута од натпреварот.

Натпреварот со Питу Гули беше вистински тест за “рударите” пред големиот натпревар во недела против лидерот на табелата, тимот на ФК Беласица од Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *