Продолжува изградбата на „Паркот на млади“ и новите пешачки патеки на градскиот кеј од Каменичка Река

Македонска Каменица, 17.08.2020 година – Од општина Македонска Каменица известуваат дека, продолжуваат градежните работи од изградбата на “Паркот на млади” во Македонска Каменица.
По целосно завршената изградба на хоризонталната основна подлога, веќе започнаа подготовките за изведба на останатите градежни работи кои предвидуваат изградба на неколку “скирол”рампи.

Изградбата на Скејт паркот е прва етапа од проектот “Парк на млади”, кој на 8000 м2 ќе понуди разни содржини за спорт, рекреација и релаксација, пред сѐ на децата и младите генерации граѓани на Македонска Каменица, изјави градоначланичката на општина Македонска Каменица, која во кратката изјава надополни дека: Паралелно со ова, интензивно се работи и на доуредување на сите пешачки патеки и изградба на нови пристапни скали на градскиот кеј од Каменичка Река. Во рамки на овој Договор за партерно уредување и бетонски работи, покрај другите градежни работи предвидено е целосно уредување и поправка на оштетените делови од градскиот плоштад во Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *