
Дневната температура ќе се движи од 4 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Дневната температура ќе достигне до 7 степени. Маврово 4, Охрид 12, Битола 11, Крива Паланка 7, Берово 9, Кавадарци 12, Дојран 14.
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието. Дневните температури ќе се движат од 4 до 13 степени.