Пријави се за „Open Fun Football School“ во Македонска Каменица

Пријави се за „Open Fun Football School“ во Македонска Каменица

Во период од 17.08.2018 – 19.08.2018 и 01.09 – 02.09.2018 во рамки на проектот Open Fun Football Schools на гратскиот стадион во Македонска Каменица ќе се одржи фудбалски настан, организиран од Open Fun Football School – Македонска Каменица.

 

Доколку и вие сакате да бидете дел од овогодинешните активности на Open fun football school каде примарна цел ќе ни биде ширење радност и заедништво за децата и младите кои ќе бидат учесници во активностите се што треба е:
• Да сте на возраст од 6 (шест) до 11 (години);
• Да имате желба за игра и дружење;
• Да бидете слободни во периодот 17.08.2018 – 19.08.2018 и 01.09 – 02.09.2018 од 9h до 14 h;
• Да се пријавите на Fb страната на Open fun football school М.Каменица(линк) до 16.08. 2018 – 00:00h.

При пријавувањето да ги оставите своите лични податоци (име и презиме, година на раѓање, пол).
За време на настанот ќе има а многу игра, дружба и насмеани лица и закуска а по завршување на настанот секој учесник ќе добие маичка со логото на Open Fun Football School.

Open Fun Football Schools е организиран од страна на Cross Culture е политички независна, непорфитна организација со седиште во Данска. Школите се развиени по концептот кој потекнува од Данскиот Фудбалски Сојуз и неговата основна идеја е „фан – забавниот концепт“: Она што е важно е аспектот на игратa и задоволството кое произлегува од играњето, а не резултатот. Многубројните вежби и игри се димензионирани така што овозможуваат повеќекратно доживување на мали успеси кај секој од учесниците.

Повелете пријавете се!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *