Пријавете се за 6-месечна обука за невработени и месечен надомест од 9.000 денари

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за мерката 3.3 Обуки за занаети, финансирана од Буџетот на  Агенција за вработување на Република Северна Македонија, на ден 25.02.2019 година, се објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

до

евидентирани невработени лица

Се повикуваат евидентираните невработени лица кои се заинтересирани за учество во обука за стекнување на вештини од занаети, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување каде се евидентирани како невработени лица најдоцна до 15.03.2019 година .

Обуките се однесуваат на следните занаети:

–          бравари, со завршено најмалку основно образование;

–          пекари, со завршено најмалку основно образование;

–          слаткари, со завршено најмалку основно образование;

–          автомеханичари, со завршено најмалку основно образование.

Обуката (теоретски и практичен дел)  ќе се реализира во период до 6  месеци во реални услови кај спроведувачот на обука.

Невработените лица вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9.000,00денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалан болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.

Невработените лица кои ќе ја завршат обуката (теоретскиот и практичниот дел) и успешно ќе го положат завршниот испит ќе се стекнат со Сертификат пропишан од Занаетчиската комора на Република Северна Македонија.

На корисниците на паричен надоместок и на корисниците на правото на парична помош од социјална заштита , за времетраење на обуката не го губат правото.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и селектираните кандидати.

Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување, на контакт телефон  02/3111-850 како и веб страните на Агенцијата за вработување на Република Северна  Македонија www.av.gov.mk и Министерство за труд и социјална политика на Република Северна Македонијаwww.mtsp.gov.mk

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА     

                                                   РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *