Приходот од влезници за „Two Mothers Brothers“ ќе биде дониран на семејство од Дулица

Шоуто „Two Mothers Brothers vol.2“ е неверојатен микс од музика и стенд ап, кое преку фантастичната изведба на двајцата охридски актери ќе ја насмее публиката до солзи. Овој кабаре спектакл ќе се оддржи на 3 април, од 20.00 часот. Локацијата ќе биде дополнително соопштена. Влезниците за овој настан ќе се продаваат по симболична цена од 60 денари, а ќе бидат пуштени во продажба од 1-ви март.

asgard.mk и kamenica.mk одлучија целиот приход да биде дониран во хуманитарни цели, односно за семејство во село Дулица, кое во пожар го загуби својот дом.

Приходите од сите настани кои се во организација на АСГАРД 2015 ќе бидат донирани во хуманитарни цели или за поддршка на независни културни проекти преку што ќе се мултиплицира бројот и разновидноста на културни настани во Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published.